Францускиот претседател Емануел Макрон се обрати на Светскиот економски форум во Давос носејќи сини авијатичарски очила за сонце со огледала.
Францускиот претседател Емануел Макрон се појави денес на Светскиот економски форум во Давос носејќи очила за сонце поради, како што се наведува, мал проблем со очите.
Макрон носеше очила за време на говорот, откако во последните денови беше забележано дека неговото десно око е црвено и делумно крваво, објави Франс Инфо.
View this post on Instagram A post shared by Emmanuel Macron (@emmanuelmacron)
„Морам да ве замолам да ме извините за грдиот изглед на окото. Тоа е нешто сосема безопасно. Едноставно сметајте го за ненамерно кимнување кон „тигровото око“ за почетокот на годината. За оние кои ја разбираат референцата, тоа е знак на решителност. И тоа е апсолутно“, се пошегува Макрон.
Како што објавија медиумите, тој очигледно алудирал на познатата песна „Eye of the Tiger“ од американскиот рок бенд Survivor, која била главна тема на филмот од 1982 година, Роки III, во кој глумел Силвестер Сталоне.
Во својот говор, Макрон се осврна на клучните предизвици со кои се соочува француската војска во 2026 година, од забрзаното вооружување на Франција и континуираната поддршка за Украина, до одлуката за испраќање војници во Гренланд како знак на поддршка за Данска.
За потсетување, Макрон се појави во петокот носејќи сини очила за време на состанокот во Елисејската палата за институционалната иднина на Нова Каледонија, објави „Ле Паризиен“.
И на тој состанок, Макрон ги замоли присутните „да му простат што се појавил со очила за сонце“.
„Ќе морам да ги носам некое време, па ќе мора да ме трпите во оваа состојба“, рече Макрон во таа пригода.
Во истото издание – со црвено десно око, францускиот претседател се појави и за време на неговото новогодишно обраќање до вооружените сили во воздухопловната база Истрес, и на шега го спореди со „окото на тигарот“ – симбол на решителност, нагласувајќи дека не станува збор за ништо сериозно, објавија француските медиуми.
Според главниот лекар на Елисејската палата, Макрон претрпел руптура на капиларот и состојбата е „целосно бенигна“, објави RTL.
The post Откриено зошто Макрон секогаш носи очила за сонце: Причината е многу сериозна ВИДЕО appeared first on Во Центар.



