Авионот на американскиот претседател Доналд Трамп, „Ер Форс Уан“, се врати во заедничката база Ендрус околу еден час по полетувањето за Швајцарија во вторник вечерта.
Ова е направено бидејќи екипажот на авионот забележал „мал електричен проблем“ кратко по полетувањето и, како мерка на претпазливост, одлучил да се врати.
Новинар кој бил во авионот рекол дека светлата во медиумската кабина накратко се изгаснале, но во тој момент не било дадено никакво друго објаснување.
По околу половина час лет, новинарите беа информирани дека авионот ќе се врати, пишува CNN.
BREAKING: Trump’s plane broke down on the way to Davos. ‘Minor electrical issue’ is identifiedAir Force One spent less than an hour in the air before being turned back to the air base.Journalists reported that the lights briefly went out in the press cabin, and the White… pic.twitter.com/qCAEqDtowD— NEXTA (@nexta_tv) January 21, 2026
Потоа Трамп се премести во друг авион, „Ер Форс Ц-32“, модифициран „Боинг 757“ што обично го користи за домашни патувања, и околу полноќ повторно го започна патувањето кон Давос, каде што се одржува Светскиот економски форум.
Сегашните авиони што се користат како „Ер Форс Уан“ се во употреба речиси четири децении, а „Боинг“ работи на замена на авиони, но програмата е погодена од серија одложувања.
Авионите се силно модифицирани за претседателска безбедност и се опремени со разни комуникациски системи што му овозможуваат на претседателот да остане во контакт со војската и да дава наредби насекаде во светот.
Портпаролката на Белата куќа, исто така, на шега забележа дека авионот дониран од катарското владејачко семејство во моментов изгледа „многу подобро“.
The post Дефект на претседателскиот авион се појави еден час по полетувањето – Трамп се врати во Вашингтон, а за Давос отпатува со друг авион appeared first on Во Центар.



