Неверојатни сцени доаѓаат од Португалија, каде што полицијата во Фуншал бара непознат сторител кој ја запалил статуата на легендарниот Кристијано Роналдо, а потоа се пофалил со тоа преку социјалните мрежи, што предизвика бурни реакции од јавноста.
Инцидентот се случил претходните денови, а видеото покажува како еден млад човек истурил бензин врз бронзена статуа на Роналдо, а потоа ја запалил со помош на запалка, а пламенот брзо ја зафатил целата статуа.
Покрај тоа, младиот човек решил да танцува на рап песна покрај статуата, а сè завршува со тоа што ја покажува статуата на Кристијано Роналдо и средниот прст, а покрај неа оставил натпис:
Ова е последното Божјо предупредување – се вели во морничавиот опис на снимката.
За среќа, пламенот брзо се изгасна, но полицијата веднаш реагирала и го бара сторителот, кој досега не е уапсен.
Сторителот на ова кривично дело е веќе идентификуван и се бара, тој е познат по извршување слични дела – соопшти португалската полиција.
Статуата на Роналдо е висока 3,3 метри и беше откриена во 2014 година, кога самиот фудбалер присуствуваше на церемонијата. Во 2016 година, кога Меси ја освои Златната топка, вандалите веќе ја обезличија статуата пишувајќи го презимето на Аргентинецот и неговиот број на задната страна.
View this post on Instagram A post shared by zaino (@zaino.tcc.filipe)
The post Хаос во Португалија: Статуата на Кристијано Роналдо изгоре во неговиот роден град, сторителот остави морничава порака appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



