Сините очи не се всушност сини, тие всушност немаат син пигмент.
Оваа боја е предизвикана од ефектот на Тиндал, кога светлината се распрснува во предниот слој на ирисот и создава сина боја. Околу 79% од луѓето имаат кафеави очи, додека сините очи не се најретки, но сепак се релативно малку.
Интересно е што сите луѓе со сини очи имаат заеднички предок, бидејќи сините очи се создадени со генска мутација пред околу 8.000 години. Исто така, родителите со кафеави очи можат да имаат дете со сини очи, бидејќи бојата на очите не е одредена само од еден ген, туку од нивната интеракција.
Луѓето со сини очи се почувствителни на светлина, поради помалата количина на меланин, па затоа се препорачува секогаш да носат очила за сонце. Сепак, жените со сини очи имаат поголема толеранција на болка, жените со сини очи подобро ја толерираат болката за време на породувањето и се помалку склони кон анксиозност или депресија по породувањето, благодарение на помалата концентрација на меланин.
The post Тајната на сините очи што малкумина ја знаат: Сите луѓе со сини очи имаат еден предок и една супермоќ appeared first on Во Центар.



