Орбан го понижи Зеленски со порака и му порача: „Секој ќе го добие она што го заслужува“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан му се обрати директно на украинскиот претседател Володимир Зеленски и зборуваше за недостатокот на волја од украинската страна да се стави крај на војната во оваа земја.

Во кратка порака што ја објави на социјалните мрежи, Орбан рече дека му се чини дека нема да биде можно да се постигне договор со Украина.

„Јас сум слободен човек кој му служи на унгарскиот народ. Вие сте човек во очајна ситуација кој не може или не сака да ја заврши војната четири години – и покрај фактот дека претседателот на Соединетите Американски Држави обезбеди секаква можна помош за таа цел“, рече Орбан.

Тој нагласи дека Унгарија ќе ги поддржи бегалците што доаѓаат од оваа земја.

„Затоа, без разлика колку ни ласкате, ние не можеме да ги поддржиме вашите воени напори. Украинскиот народ, секако – и покрај вашите внимателно одбрани навреди – сè уште може да смета на нас дека ќе продолжиме да ја снабдуваме вашата земја со електрична енергија и гориво, а ние исто така ќе продолжиме да ги поддржуваме бегалците што доаѓаат од Украина“, рече тој.

Конечно, тој испрати значајна порака.

„Самиот живот ќе го реши останатото, а секој ќе го добие она што го заслужува“, заклучи Орбан.
The post Орбан го понижи Зеленски со порака и му порача: „Секој ќе го добие она што го заслужува“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: