Парис Хилтон за првпат проговори за видеото (18+ кое ја запали јавноста: „Се скрив во куќата, никогаш нема да се опоравам“

Во ново интервју, Парис Хилтон отворено зборуваше за трајните ефекти од видеото за лица над 18 години објавено без нејзина согласност во 2004 година. Таа тогаш имала 19 години, додека нејзиното тогашно момче Рик Саломон имал 35 години, пишува „Унилад“.

Видеото стана јавно откако Саломон наводно го продал, а подоцна стана познато под насловот „Една ноќ во Париз“. По објавата, Хилтон беше изложена на потсмев во медиумите и јавноста, а со текот на годините таа постојано нагласуваше колку длабоко ја погодил настанот.

Гостин на подкастот

Хилтон, која денес полни 44 години, се појави во подкастот на Џеј Шети во среда, на 21 јануари, и детално раскажа како се чувствувала во тој момент. Таа рече дека се плашела дека луѓето никогаш повеќе нема да ја гледаат на ист начин.

„Растејќи, секогаш се восхитував на луѓе како принцезата Дајана и Грејс Кели, неверојатно елегантни жени. И кога се случи ова, имав чувство дека некој ми го одзел тоа и дека луѓето никогаш повеќе нема да ме гледаат на ист начин“, рече Хилтон, додавајќи:

„Мислам дека тоа ќе ме следи до крајот на животот. Многу ми е жал за таа девојка која тогаш се чувствуваше толку осамено. Сепак, не сакав никого да видам, се скрив во куќата и ја откажав целата промотивна турнеја за „Едноставниот живот“.

Хилтон додаде дека верува оти „никогаш нема да се опорави“ од тој настан.

„Денес тоа би било нелегално“

Хилтон претходно нагласи дека денешното објавување на вакви снимки ќе се третира како форма на порнографија за одмазда . Во разговор за „Сандеј тајмс“, таа рече: „ Денес тоа би било нелегално . Луѓето сфаќаат колку било погрешно. И беше доста лековито за мене, искрено, да слушнам некого да вели: „Воа, Парис беше тинејџерка и ја искористуваше постар маж“.
The post Парис Хилтон за првпат проговори за видеото (18+ кое ја запали јавноста: „Се скрив во куќата, никогаш нема да се опоравам“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: