Нови детали за состојбата на Шумахер: Тој живее на Мајорка, не е врзан за кревет

Британскиот „Дејли меил“ ги објави најновите информации во врска со здравствената состојба на Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион во Формула 1.

Според „Дејли меил“ , Шумахер, кој претрпел тешка повреда на мозокот додека скијал во француските Алпи пред нешто повеќе од 12 години, се наоѓа на Мајорка во луксузниот имот Лас Брисас вреден повеќе од 30 милиони евра.

Репортер од „Дејли меил“, кој ја посетил вилата на Шумахер, пренел информации што успеал да ги добие од, како што рекол, неколку добро информирани извори.

Можеби најважната информација е дека легендарниот Германец не е прикован за кревет.

За жал, 57-годишниот Шумахер не може да оди, туку е возен низ својата вила во инвалидска количка од тим медицински сестри и терапевти, дел од пакет за нега од 24 часа што чини десетици илјади евра неделно.

Да ве потсетиме дека по несреќата, сопругата на Шумахер, Корин, забрани јавно објавување на какви било информации за состојбата на Михаел, а само мал круг луѓе можат да го посетат.

Со години циркулираа разни приказни, од тоа дека Шумахер бил во кома, до фактот дека бил прикован во кревет и не можел да зборува, но ниту Корин ниту некој од неговото семејство никогаш не коментирал за неговата состојба.
The post Нови детали за состојбата на Шумахер: Тој живее на Мајорка, не е врзан за кревет appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: