Објавено менито на Јосип Броз Тито: Вака изгледаше неговата исхрана

Иако Јосип Броз Тито се сметал себеси за голем гурман кој уживал во добрата храна, понекогаш претерувал, поради што за него била дизајнирана посебна нутриционистичка програма. Детали за неговата исхрана и менија се опишани во книгата на Бранко Трбовиќ, долгогодишен нутриционист на Тито.

Трбовиќ поминал повеќе од триесет години со југословенскиот претседател, грижејќи се за неговата исхрана на патувањата, во Белата палата, на Брионските острови, на бродот Галеб и во Синиот воз. Своите спомени и менија ги запишал во книгата „Мени на познати луѓе – Како јадел Јосип Броз Тито“, пренесува Н1.

Книгата не е само збирка рецепти, туку дава и „гурмански“ увид во политиката и секојдневниот живот од тоа време, гледано од перспектива на готвач. Таа на хумористичен начин ги опишува ликовите и навиките во исхраната на познати светски и југословенски личности.

Пример за целодневното мени на Тито

Појадок: Црно кафе (140 мл), слатка павлака (20 г), бел леб (20 г) и путер (5 г)

Ужина во 11 часот: Пилешки стомаци во супа (100 г), бел леб (20 г)

Ручек: Гратинирани телешки гради (120 г) со масло (5 мл), печен компир (50 г), вргањ со оцет (20 г), зелена салата (30 г) и црвена зелка (30 г) со масло (5 мл), црн леб (20 г)

Десерт: Кнедли од сливи – сливи (20 г), компири (20 г), брашно (5 г), шеќер (5 г), 1/4 јајце

Ужина во 16 часот: Јогурт

Вечера: Говедска супа (150 мл) со варено јајце, раженчиња од пилешки гради (50 г) и сафалада (40 г), помфрит (20 г) со масло (5 мл), салата од кисела зелка (50 г) и кисели пиперки (50 г) со масло (5 мл), јаболко (100 г)

Оброк во 21 часот: Сафалада (150 гр.)

Вкупен дневен внес:

Вкупно калории: 1.605 kcal

Протеини: 101,3 г

Масти: 85 г

Јаглехидрати: 145 г

The post Објавено менито на Јосип Броз Тито: Вака изгледаше неговата исхрана appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: