Најмалку 15 загинати во бродолом во близина на Филипините, на траектот имало 332 патници и 27 членови на екипажот
Најмалку 15 лица загинаа рано утрово кога ферибот со повеќе од 350 патници потона во јужните Филипини.
Спасувачите спасија најмалку 316 патници и пронајдоа 15 тела, соопштија официјални лица.
Фериботот пловел од пристанишниот град Замбоанга кон јужниот остров Џоло, во покраината Сулу, со 332 патници и 27 членови на екипажот.
Истрагата за причината за несреќата е во тек.
The post БРОДОЛОМ НА ТРАЕКТ ВО БЛИЗИНА НА ФИЛИПИНИТЕ, НАЈМАЛКУ 15 МРТВИ Спасувачите извлекоа повеќе од 300 луѓе на безбедно appeared first on Во Центар.



