Страшна трагедија се случи во Словачка на автопатот број 63, кога поранешната сопруга на познатиот ММА во судир со скап автомобил „Мајбах“, објавува унгарскиот портал „Блик“.
Ужасот на патот се случил малку пред четири часот наутро на гореспоменатиот автопат помеѓу Велико Меѓер и Долни Стал, во близина на еден од излезите од автопатот, јавуваат унгарските медиуми.
Возилото „Мајбах“ се движело по патот, пред да слета и да удри во дрворед, по што целосно се распаднало. Се претпоставува дека се движело со голема брзина, бидејќи во судирот се распаднало на неколку делови, а потоа се запалило, според Тибор Ходоши, началник на противпожарната служба.
Се додава дека во автомобилот се возела Моника Јаклиова, позната фитнес-моделка и инфлуенсерка, која заедно со ММА борецот Габор Борарош се појави во познатата унгарска ТВ-емисија „Парови“. Полицијата потврди дека во автомобилот имало само едно лице и дека таа го загубила животот.
Телото на возачот било пронајдено веднаш до запалениот автомобил. За жал, службите за итни случаи не можеле да ја реанимираат повредената Миника, па таа била прогласена за мртва на самото место.
Во Унгарија често велат дека таа била една од најубавите инфлуенсерки од оваа земја.
The post Почина поранешната сопруга на познатиот ММА борец! Се урна возејќи скап „Мајбах“, беше една од најубавите (фото) appeared first on Во Центар.



