среда, 25 ноември 2026
Најново

Што крие израелскиот премиер: Детаљ од телефонот на Нетанјаху ги запали социјалните мрежи (фото)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Фотографија од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на телефонски разговор брзо стана главна тема на дискусија на социјалните мрежи и во меѓународните кругови. Детаљ што никој не го пропуштил е лентата над камерата на неговиот мобилен телефон.

Иако на прв поглед изгледа невообичаено за лидер на технолошки напредна земја, експертите истакнуваат дека ова е строга безбедносна мерка. Се верува дека Нетанјаху ја користи лентата за да спречи неовластено снимање во чувствителни области, хакерски напади што би можеле да овозможат камерата да се активира од далечина, како и дигитален надзор и собирање класифицирани визуелни податоци.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Овој потег не е изолиран случај. Сè поголем број високо рангирани политичари и безбедносни службеници низ целиот свет посегнуваат по слични „аналогни“ методи на заштита во дигиталното доба. Во време кога софистицираниот шпионски софтвер како Пегаз стана реална закана, дури и наједноставната физичка бариера, како парче лента, се смета за ефикасна бариера.

„Во светот на високата политика, приватноста на комуникацијата нема цена. Скриената камера е јасен сигнал дека никој, дури ни премиерот, не е имун на потенцијални дигитални упади“, велат аналитичарите за државна безбедност.

Додека некои ја фалат претпазливоста и свеста на премиерот за сајбер безбедноста, други на социјалните мрежи коментираат за иронијата во која лидерот на една од водечките светски сили во областа на сајбер-технологијата мора да користи селотејп за да се чувствува безбедно.

Оваа фотографија повторно разгоре поширока дебата за ранливоста на паметните телефони и ризиците на кои се изложени личните податоци на сите корисници, не само на владини претставници.
The post Што крие израелскиот премиер: Детаљ од телефонот на Нетанјаху ги запали социјалните мрежи (фото) appeared first on Во Центар.

Поврзани вести