Физичката активност е клучна за здравјето, но самото одење можеби не е доволно ако сакаме подобри резултати во силата, кондицијата и контролата на тежината.
Според советите на фитнес експертите, одењето е корисно , но поинтензивните вежби носат поизразени здравствени придобивки.
Истражувањата покажуваат дека поинтензивните тренинзи поефикасно го подобруваат срцевиот ритам, ги зајакнуваат мускулите и согоруваат калории за пократко време. Додека еден час одење согорува околу 300 калории, сличен ефект може да се постигне многу побрзо со поенергичен тренинг.
Ова не значи дека треба да се откажете од прошетките, туку комбинирајте ги со вежби за сила или аеробни активности неколку пати неделно. За оние со ограничено време, решенијата можат да бидат пократки, но интензивни тренинзи, повеќе движење во текот на денот или избор на скали наместо лифт. Комбинацијата од различни активности носи најдобри резултати за здравјето.
The post Ниту одење ниту трчање: Оваа активност дава подобри резултати за здравјето appeared first on Во Центар.



