Ги изгуби двете нозе поради еден тампон – а денес е светски позната манекенка

Моделот Лорен Васер, која ги загуби обете нозе поради тампони и синдром на токсичен шок, денес е симбол на сила и борба за побезбедни менструални производи.

Американската манекенка Лорен Васер, позната денес како „девојката со златни нозе“, поминала низ животна драма што започнала со едноставна употреба на тампони .

Како се случи сето тоа?

Кога имала 24 години, Лорен доживеала тешка бактериска инфекција наречена синдром на токсичен шок (TSS) , ретка, но потенцијално фатална состојба поврзана со употреба на тампони и други инфицирани рани.

Лорен првично мислела дека има грип, но нејзината состојба брзо се влошила – температурата ѝ се искачила нагло, органите почнале да откажуваат, а срцето престанало да работи. Откако лекарите ја пронашле во несвест, таа се борела за живот во кома.

Кога се разбудила, било откриено дека нозете ѝ се гангренозни поради инфекција и дека морало да бидат ампутирани за да ѝ се спаси животот.

Наместо да се повлече од светот на модата, Лорен ја трансформираше трагедијата во нова мисија. Таа се врати на пистата со златни протези кои станаа нејзин заштитен знак и симбол на сила.

Денес, таа го користи својот глас за да ја подигне свеста за ризиците од овој синдром, се залага за појасно етикетирање на менструалните производи и побезбедни индустриски стандарди и патува низ светот како активистка и инспирација за многумина.

Што е синдром на токсичен шок (TSS)?

Илустрација

Синдромот на токсичен шок (TSS) е ретка, но сериозна бактериска инфекција што може да се појави кога токсините од бактериите ќе влезат во крвотокот.

Може да биде поврзано со тампони, менструални чаши, но и со инфицирани рани и бара итна медицинска помош.

The post Ги изгуби двете нозе поради еден тампон – а денес е светски позната манекенка appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: