Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – „Силување на дете под 15 години“, казниво по член 188 став 3 од Кривичниот законик.
„На 14.02.2025 година, осомничените се договориле и со возило однеле 13-годишно девојче-жртва од Неготина, со кое еден од осомничените претходно се познавал. Го однеле детето на место надвор од селото Криволак во Неготинo и сите заедно имале сексуален однос со жртвата, удирајќи ја и навредувајќи ја, по што ја вратиле во Неготинаo.“
„Во текот на претходната постапка, на осомничените им беа одредени мерки на претпазливост, а со почетокот на истрагата, јавниот обвинител побара судот да ги замени мерките со ефективен притвор, особено што досега собраните докази укажуваат на сомневања за сторено тешко кривично дело за кое е предвидена затворска казна од најмалку 10 години или доживотен затвор“, велат од Обвинителството.
The post Четири лица силувале 13-годишно девојче во Неготино, обвинителството во Кавадарци започнува истрага appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



