Вереничката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, од првиот ден кога стана позната во јавноста – беше мета на негативни коментари. Ја замеруваа за многу работи, главно за фактот дека има многу пари и може да си дозволи многу задоволства.
Ниту едно од нејзините јавни појавувања немаше позитивни коментари, а таа никогаш не изгледаше како да може да изгради или барем да се приближи до стилот и вкусот што другите сакаа да го видат од неа.
Последната во низата што предизвика негативни коментари беше објава од Шпанија, од црква каде што беше фотографирана Џорџина. Таа беше облечена „едноставно“ за пригодата, носејќи долг крзнен капут и бели чизми со високи потпетици.
„Во посета на мојот Бог со сестра ми“, напиша Џорџина во описот на фотографијата.
Белите чизми и крзненото палто им пречеа на огромното мнозинство од нејзините следбеници, а тие исто така најдоа маана во описот, со оглед на тоа што таа го нарече Бог „неа“.
„Таквиот кич не е за црква“, „Бог претпочита скромни луѓе“, „Колку мртви животни носиш“, „Се надевам дека е вештачко крзно“, беа само дел од коментарите.
The post Џорџина Родригез ја посети црквата и повторно ги налути сите: „Бог претпочита скромни луѓе“ (фото) appeared first on Во Центар.



