Српските медиуми објавија дека босанскиот пејач Харис Џиновиќ (74) има нова партнерка, која е 20 години помлада од него. Изворот вели дека тој се забавува со претприемачка, чие име сè уште е непознато за јавноста. Тие се запознале во ресторан во Белград.
Иако Харис Џиновиќ немал намера да започне нова љубовна врска по разводот од Мелина Џиновиќ, меѓу нив се роди љубов. Таа го освои со својата убавина и шарм.
Изворот тврди дека нивната врска станала сериозна. Тој сè уште не дал коментар за веста.
Ве потсетуваме дека неодамна беа објавени фотографии од неговата поранешна сопруга Мелина Џиновиќ и нејзиниот нов партнер. На прашањето на новинар на Blic.rs дали ги видел фотографиите, тој кратко рече: „Не сум информиран, ниту пак ме интересира нешто за тоа. Не сакам да коментирам“.
The post Харис Џиновиќ има нова партнерка: Таа е 20 години помлада од него appeared first on Во Центар.



