Соединетите Американски Држави одобрија потенцијална продажба на оружје на Израел и Саудиска Арабија во вредност од 15,5 милијарди долари.
Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на воена опрема на Израел во вредност од над 6,5 милијарди долари преку три одделни договори, објави Пентагон.
Според Пентагон, Стејт департментот ја одобрил можната продажба на Заедничкото лесно тактичко возило и придружната опрема по проценета вредност од 1,98 милијарди долари, како и посебната продажба на хеликоптерите AH-64E Apache во вредност од 3,8 милијарди долари.
Третиот воен договор, вреден 740 милиони долари, беше доделен за испорака на погонски системи за оклопни транспортери „Намер“, без менувачи и со интегрирана логистичка поддршка.
Главен изведувач за првата продажба е компанијата „AM General“, додека „Boeing“ и „Lockheed Martin“ се изведувачи за продажба на хеликоптерите „Apache“.
Американскиот Стејт департмент, исто така, одобри потенцијална продажба на пресретнувачи на ракети „Патриот“ и сродна опрема на Саудиска Арабија, во проценета вредност од девет милијарди долари.
Главен изведувач за продажба на ракети ќе биде компанијата „Локид Мартин“, се наведува во соопштението на Пентагон.
Одобрувањето на Стејт департментот уследи по барањето на Саудиска Арабија за купување на 730 ракети PAC-3 MSE, додаде Пентагон.
Предложената продажба нема да ја промени воената рамнотежа на Блискиот Исток и нема да има негативно влијание врз одбранбената подготвеност на Соединетите Американски Држави, се вели во соопштението.
The post Американците го вооружуваат Израел и Саудиска Арабија: Одобрена продажба на оружје во вредност од 15,5 милијарди долари appeared first on Во Центар.



