Ова е најдобриот рецепт: Пилешко во кари сос

Пилешкото во кари сос е едноставно, ароматично и брзо јадење кое совршено се вклопува во секојдневното мени. Кремастиот сос со благ зачинет вкус на кари му дава посебна нота на нежното пилешко месо, а подготовката не бара многу време ниту сложени состојки.

 Состојки:

400 грама пилешко филе

Малку масло или путер

1 лажица бело брашно

1 кафена лажичка доматно пире

2–3 кафени лажички кари во прав

250–300 мл пилешки бујон (може и од коцка)

150–200 мл неутрална павлака за готвење

Сол по вкус

Малку бел бибер

По желба: свеж магдонос

 Начин на подготовка:Пилешкото филе лесно посолете го. Во тава загрејте малку масло или путер и пропржете го пилешкото од сите страни додека не добие златна боја. Потоа извадете го настрана. По потреба, во истата тава додадете уште малку маснотија и кратко пропржете го брашното (една до две секунди), внимавајќи да не потемни.Додадете го доматното пире и кари зачинот, промешајте, па постепено налевајте го пилешкиот бујон со постојано мешање, за да добиете мазен и хомоген сос без грутки. Варете неколку минути. Потоа додадете ја павлаката за готвење. Кога сосот ќе зоврие, вратете го пропрженото пилешко во тавата.

Зачинете по вкус со сол и бел бибер, промешајте и оставете да се вари уште неколку минути за да се соединат вкусовите.По желба, посипете со ситно сечкан свеж магдонос и послужете топло.
The post Ова е најдобриот рецепт: Пилешко во кари сос appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: