Ужасен случај во Хамбург: Маж повлече девојка што не ја познавал под воз, двајцата загинаа

Во четвртокот навечер, еден маж зграпчил млада жена на перонот на метрото во Хамбург и скокнал со неа пред воз што доаѓал од спротивната насока.

Сега се појавија нови информации за овој случај. Две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт во Хамбург во четврток откако беа прегазени од воз што влегуваше во станицата. Со оглед на сомневањето за убиство, случајот моментално го истражува одделот за убиства, пишува Шпигел.

Според досегашните информации, убиени се осумнаесетгодишно девојче и дваесет и петгодишен маж.

Девојката наводно чекала воз од метрото што се движел кон центарот на градот, додека еден маж, државјанин на Јужен Судан, исто така стоел на перонот, одвоено од неа.

Потоа мажот одеднаш се приближил до девојката, ја зграпчил и, од причини кои сè уште се непознати, ја влечел на шините пред воз што доаѓал од спротивната насока. Двајцата биле убиени. Според полициското соопштение, во моментов нема индикации дека постоела претходна врска меѓу вклучените лица.

Истрагата е во тек. Според полицијата, на сведоците им е пружена психолошка помош.
The post Ужасен случај во Хамбург: Маж повлече девојка што не ја познавал под воз, двајцата загинаа appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: