Нарушувањата на спиењето можат да бидат еден од раните знаци на рак на крвта, но тие често остануваат незабележани или се припишуваат на други здравствени проблеми.
Според Blood Cancer UK, луѓето со оваа болест честопати имаат тешкотии да заспијат, се будат во текот на ноќта или спијат во невообичаено време.
Овие проблеми можат да бидат резултат на самиот рак , особено ако предизвикува болка или отежнато дишење. Исто така, стресот и вознемиреноста поврзани со болеста и нејзиното лекување можат дополнително да го нарушат квалитетот на спиењето.
„ Ракот на крвта може значително да ја наруши вашата дневна рутина, па затоа не е изненадувачки што може да влијае и на вашиот сон “, велат од Blood Cancer UK, според Express .
Ракот на крвта влијае на производството и функцијата на крвните клетки и најчесто се јавува во три форми: леукемија, лимфом и миелом.
Симптомите се различни, но некои од најчестите се:
хроничен замор
ноќно потење
необјаснети модринки
осип
бледило на кожата
Покрај тоа, ракот на крвта може да предизвика болки во коските, гадење, проблеми со мочниот меур, невролошки проблеми како што се периферна невропатија и хормонални промени. Доколку забележите симптоми што ве загрижуваат, важно е што поскоро да посетите лекар.
The post Мислите дека имате несоница, но може да биде нешто многу полошо: Смртоносните симптоми на рак се појавуваат ноќе appeared first on Во Центар.



