За демонстрантите без возачки дозволи се испитуваат елементи за повеќе кривични дела

Обвинителството и полицијата координирано преземаат мерки и активности во протестите на граѓаните кои бараат да возат без возачки дозволи, а чии возила беа привремено одземени од страна на МВР.

„Јавното обвинителство во координација со МВР презема соодветни мерки и активности. Дадени се насоки за испитување на евентуални елементи на кривични дела од чл.319 и чл.387 од Кривичниот законик, како и евентуално други дела кои се гонат по службена должност. Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело, соодветно надлежните јавни обвинителства ќе постапат“, соопштуваат од Обвинителството.

Дел од луѓето кои излегоа на протест освен на нереди, повикаа и на убиства.

Пронајдете не на следниве мрежи: