Во чест на првата претстава во Македонскиот народен театар, изведена на 3 април 1945 година, мината година, театарот одбележа 80 години од постоењето. Годинава продолжува со одбележувањето на јубилејот и на 81 година од постоењето. Роденденот на МНТ беше одбележан со македонски сценски спектакл, каде беше степенувана важноста на ансамблот на МНТ и претстави од македонски автори, кои оставија достоинствен белег во институцијата.
Свеченото одбележување на големиот јубилеј на МНТ започнува на 30 март со стенд‑ап шоуто „Шоубиз“ (SHOWBIZ), во изведба на белградскиот и светски познат актер Никола Ѓуричко. Афирмирана фигура во театарот, филмот и телевизијата, чија долга и успешна кариера му го отвори патот до значајни улоги на меѓународна сцена.
Ѓуричко e светски препознатлив и по улогата на Јури во хит серијата „Stranger Things“, како и во филмот „World War Z“ и други меѓународни продукции.
Во продолжение на роденденската програма, на 1 и 3 април на сцената на МНТ ќе гостува Словенечко народно гледалиште Марибор (СНГ). На 1 април, публиката ќе има ретка можност да ја погледне претставата „Амадеус“, во режија на нашиот познат режисер Александар Поповски, еден од најрелевантните македонски режисери со долгогодишна меѓународна кариера — над 70 театарски претстави низ Европа, вклучувајќи Словенија, Италија, Грција, Австрија, Турција, Шведска, Данска, Англија и Германија. Од сезоната 2018/2019 тој е уметнички директор на Драмата во Марибор, каде што ја развива својата режисерска визија и продуцира значајни театарски остварувања.
На 3 април, на сцената на МНТ, гостува СНГ Марибор, со монодрамата „Безгрешна (Immaculata)“ — сценско остварување инспирирано од романот „Мариjиниот завет“, омаж на големиот и прерано починат режисер Томаж Пандур.
Финалето на роденденската програма е закажано за 4 април, кога ќе биде изведена претставата „Другата страна“ во продукција на Црногорското народно позориште од Подгорица, со што дополнително се нагласува меѓусебната соработка и културната размена во регионалниот театар.
A post shared by 🎭МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР🎭 (@makedonski_naroden_teatar)



