Јаневска: Децата Роми се запишуваат на училиште, но дел или воопшто не го посетуваат или напуштаат

За проблемот со децата Роми кои се повеќе ги гледаме на улиците, а не во образовниот систем, министерката Весна Јаневска вели дека тоа е повеќегодишен проблем и дека досега требало да биде решен. Според неа, во основното образование имаме одличен опфат на ученици, но, како што вели, познато е дека кај Ромите има проблем.

-Проблемот е што кај Ромите имаме инклузија и голем „дроп-аут“. Воглавно се запишуваат на училиште, но после тоа или воопшто не го посетуваат или извесен период се таму, а потоа излегуваат. Во одредени средини, и кога има „дроп-аут“, тие се водат како редовни ученици. Огромен процент од ромското население има обичај, барем времено, да се пресели надвор од земјата, а потоа да се врати. Тие деца потоа имаат проблем со нострификација на одделението кое го завршиле. Како и да е, МОН ангажиран 40 ромски медијатори за да ја подобрат свеста кај родителите за децата да посетуваат училиште, кажа Јаневска на прес-конференција.

Министерката информира дека училиштето „Макаренко“ овозможува и со надмината возраст преку Центарот за образование на возрасни, Ромите да стекнат знаење од основно и средно образование. Како што вели, само треба да се пријават и се е бесплатно.

Пронајдете не на следниве мрежи: