Владата на САД ги предупредува своите граѓани: Веднаш напуштете го Иран

Владата на САД издаде ново итно предупредување за своите граѓани.

„Веднаш напуштете го Иран“, се вели во соопштението на амбасадата на САД за Иран.

Според ова предупредување, на Американците им се препорачува веднаш да го напуштат Иран поради потенцијални безбедносни ризици.

На граѓаните им се препорачува да не се потпираат на помош од владата на САД за време на заминувањето, туку самостојно да го организираат своето патување.

Најпрепорачана опција е да се замине по копнен пат кон Турција или Ерменија.

За оние кои не можат веднаш да заминат, предупредувањето препорачува да останат на своето место и да преземат разумни мерки за лична безбедност.

Ова предупредување доаѓа во напнато време и укажува дека ситуацијата за американските граѓани во Иран може да биде сериозна и непредвидлива, нагласувајќи ја потребата од максимална претпазливост и брза акција.

Инаку, САД и Иран денес во Оман ќе започнат разговори за иранската нуклеарна програма.
The post Владата на САД ги предупредува своите граѓани: Веднаш напуштете го Иран appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: