Десетина српски портали објавија дека македонскиот пејач Даниел Кајмакоски е киднапиран во Белград, повикувајќи се на српски Курир.
Според написите, непознати лица го врзале и го возеле во неговото возило, при што од него наводно барале сума од 20.000 евра. Извор за „Курир“ тврди дека осомничените се странски државјани и дека не е исклучена можноста да станува збор за мигранти.
Киднаперите го врзале Кајмакоски и го возеле до градот Рума, каде сообраќајната полиција се обидела да ги застане, а тие удриле со возилото во банкина по што побегнале.
Засега, освен написите во медиумите нема официјална потврда од институциите или од самиот Кајмакоски во врска со целиот случај.



