Борис Бекер (58) и неговата сопруга Лилијане де Карваљо Монтеиро (34) присуствуваа на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано пред два дена. Славниот тенисер потоа се огласи на Инстаграм, каде што објави фотографија од себе со својата партнерка и нивната ќерка, која има две и пол месеци.
Тој нагласи дека е прекрасно што Зимските олимписки игри (6-22 февруари) се одржуваат во Милано, каде што поранешниот тенисер и тренер живее со своето семејство, што емоциите се чувствуваат насекаде, па затоа им посака среќа на сите учесници, особено на италијанската и германската репрезентација.
Фотографијата од славниот пар и нивната ќерка воодушеви многумина, а фотографијата му се допадна и на светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ , кој соработуваше со Бекер. Славниот Германец го тренираше легендарниот тенисер од декември 2013 до декември 2016 година. Во тој период, Ноле освои шест гренд слем титули.
View this post on Instagram A post shared by Davis Cup (@daviscup)
Борис Бекер и Лилијан де Карваљо Монтеиро ја добија ќерката Зои Виторија Бекер на 21 ноември минатата година. Девојчето е родено во Милано, еден ден пред 58-от роденден на нејзиниот татко.
View this post on Instagram A post shared by Boris Becker (@borisbeckerofficial)
Малена Зои е петтото дете на Борис Бекер, кој од бракот со Барбара Фелтус ги има синовите Ноа и Елиас, со поранешната сопруга Лили Керсенберг го имаше синот Амадеус, додека од претходната врска ја има ќерката Ана.
Да ве потсетиме дека на 14 септември 2024 година, Борис Бекер се ожени со политичка аналитичарка која на свадбата носеше креација на неговиот школски другар Андре Равиели, кој претходно ветил дека ќе создаде фустан за нејзината свадба.
Бекер рече дека тоа бил магичен викенд, славејќи три дена во Италија, и дека тој и Лилијан го избрале Портофино затоа што поминале многу прекрасни денови таму.
„Сите плачеа, вклучувајќи ме и мене … местото каде што ја имавме церемонијата е, мислам, едно од најуникатните места каде што сум бил во мојот живот – и верувајте ми, сум бил на многу прекрасни места“, изјави тој за Hello, во првото интервју за неговата свадба.
Борис на свадбата беше придружуван од неговите синови Ноа и Елиас. Тие беа и негови кумови, а Бекер рече дека бил „многу трогнат“ од говорите на неговите најблиски во емотивната здравица по церемонијата. Меѓу гостите беа фудбалерот Руд Гулит и германскиот актер и модел Борис Коџо.
Ниту еден детаљ не беше поштеден, младенците се венчаа во прекрасна градина, а потоа славеа доцна во ноќта. Така беше крунисана врската што трае од 2019 година, а го следеше бурниот љубовен живот на Борис Бекер .
Да потсетиме дека откако беше ослободен од затвор во Велика Британија во декември 2022 година, а потоа депортиран во Германија, Бекер набрзо се пресели во Италија со сопругата Лилијане де Карваљо Монтеиро. Тие го избраа Милано како нивна постојана адреса бидејќи имаат поголема приватност отколку во Германија каде што се чувствува како „национален имот“.
Бекер беше ослободен во декември 2022 година, откако отслужи осум месеци од вкупно 30 месеци во Велика Британија. Тој беше осуден во април 2022 година за прикривање на средства и кредити во вредност од 2,5 милиони фунти за да избегне плаќање на долгови по банкротот.
The post Борис Бекер (58) позираше со сопругата (34) и ДВОМЕСЕЧНАТА ќерка – НОВАК ОБЈАВИ: Оваа ФОТОГРАФИЈА ги изненади сите – познатиот Германец на прагот од 7-та деценија стана татко по петти пат appeared first on Во Центар.



