Тешко повредени две малолетни момчиња – со четирицикл излетале од патот

МВР информира дека вчера попладне во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с. Зајас – Теќе маало, 14-годишник од с. Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с. Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен.

Пронајдете не на следниве мрежи: