Зад заплената на голема количина марихуана во Скопско се крие широка мрежа на деловни и сопственички врски меѓу компаниите за медицински канабис во Северна Македонија и граѓаните на Србија, главно од Крушевац, пишува БИРН Србија.
Фотографија: Српско Министерство за внатрешни работиИлустрација
Меѓу сопствениците на компанијата за медицински канабис „Алфафарм“, во чии простории беа запленети околу девет тони марихуана во Скопско, има и државјани на Србија поврзани со компании од Крушевац, во чија близина претходно беа запленети пет тони , објави истражувачката мрежа БИРН.
БИРН, исто така, идентификуваше уште една компанија од Северна Македонија за одгледување канабис, „Грин Лајф“, чии сопственици се исто така државјани на Србија, меѓу кои и Александар Михајловиќ, кого Обвинителството го наведува како организатор на криминална група поврзана со оваа заплена.
Истражувањата на БИРН Србија и БИРН Македонија покажуваат дека зад овој случај стои поширока мрежа на деловни и сопственички врски помеѓу компании регистрирани за одгледување медицински канабис во Северна Македонија и бројни граѓани на Србија, главно од Крушевац.
Истражувачките новинари, исто така, утврдија дека името на Александар Мијајловиќ, кој е во бегство, а кого српскиот ТОК го наведува како организатор на групата, се појавува во сопственичките врски на друга македонска компанија за канабис, „Грин Лајф“ од Валандово, преку компанијата „Био Натуралс“ од Крушевац.
„Прашањето е дали легалното одгледување канабис во Северна Македонија било користено како покритие за нелегалниот пазар, како и дали ваквите операции можат да се спроведуваат без премолчена или активна поддршка од делови од властите во двете земји“, вели БИРН.
Извор: БИРН
Пронајдете не на следниве мрежи:


