(Видео) Мрак во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид: Студентите цела ноќ останаа без струја, греење и топла вода

Студентите сместени во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид веќе 20 часа се соочуваат со сериозни услови за престој, откако објектот останал без електрична енергија. Според информациите објавени синоќа на Инстаграм профилот „Студентарија.мк“, студентите во се движат и учат со свеќи, во целосна темнина, без официјална информација кога ќе биде нормализирано снабдувањето со струја.

Освен без електрична енергија, студентите останале и без греење и топла вода, што дополнително ја отежнува ситуацијата, особено поради ниските температури во зимскиот период.

Во објавата се наведува дека постои можност студентите и ноќта да ја поминат во вакви услови, а во видеото што се споделува на социјалните мрежи се посочува дека проблемот најверојатно е поврзан со неплатени сметки. Засега нема официјална потврда од надлежните институции за причините за прекинот и за тоа кога ќе биде воспоставено нормално снабдување со електрична енергија.

Од ДСД „Никола Карев“ на Фејсбук во кратко соопштение им се извинија на студентите кои останале без електрична енергија и известија дека чекале проблемот да го решат од Министерството за образование (МОН), од каде пак им рекле дека проблемот би требало да се реши во текот на денешниот ден.

Пронајдете не на следниве мрежи: