Екипа на Итната помош констатирала смрт, па била нападната од сопругот и братот на починатата жена

Сопруг и брат на почината жена ѝ се заканувале на екипа на Итната медицинска помош, откако лекарот констатирал смрт кај жената, соопшти МВР.

„На 10.02.2026 околу 02:45 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во куќа на подрачје на Бит Пазар во Скопје, откако пристигналa екипа од лекар, медицинска сестра и возач по претходно барање за укажување на лекарска помош на женско лице, а кај кое констатирале смрт, сопругот на почината Е.Б.(40) и братот Б.Н.(39), двајцата од Скопје, им упатиле закани“ соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

Пронајдете не на следниве мрежи: