Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изрази длабоки сомнежи за функционирањето и перспективите на владејачката коалиција ВЛЕН, опишувајќи ја како конгломерат од партии со различни идеологии, кои тешко можат да се трансформираат во обединета политичка структура.
Во емисијата „Риштази“ на КохаКаст, Таравари рече дека, иако сака ВЛЕН да се обедини и да функционира како единствена партија, реалноста во рамките на коалицијата го прави ова речиси невозможно. „Знаејќи како функционира внатрешно, мојата прогноза е дека тој конгломерат со различни идеологии тешко може да стане структура. Мојот впечаток, сакам да грешам, е дека тоа се партии кои немаат никаква врска едни со други“, рече Таравари.
Тој нагласи дека евентуалното спојување може да се случи само помеѓу одредени субјекти, како што се БЕСА и Алтернатива, додека во врска со Демократското движење и групата на Арбен Фетаи, рече дека тие се сосема различни структури.
Според Таравари, единствениот фактор што во моментов ги држи овие партии заедно е влијанието на премиерот Христијан Мицкоски. „ВЛЕН има претседател, Христијан Мицкоски. Да не беше Мицкоски, нека им даде две недели и нека каже „Јас не се мешам“, одамна ќе се разделеа“, изјави тој.



