(Видео) Многу невкусен потег… Стојановска објави видео од првиот човек на ССМ со неговите деца

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска направи многу невкусен потег на социјалните мрежи каде сподели видео, според кое лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, ги вози своите две мали деца со службено возило.

„Не го слушајте што зборува, туку гледајте го како се однесува… Трендафилов, службеното возило на ССМ и приватните обврски…“, напиша членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ како коментар.

ССМ бара минималната плата да се зголеми на 600 евра, додека власта ипорно не попушта. Денеска синдикалците протестираа со блокада на Собранието, а пратениците беа посочени како едни од виновниците за тоа што работниците се уште имаат минимална плата од 400 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: