Навивачот на Јунајтед на чекор до потстрижување: Вечерва, Манчестер брка петта победа по ред

Четирите натпревари од 26-то коло од Премиер лигата се играат вечерва во 20:30 и 21:15 часот, а најголемо внимание привлекува натпреварот во Лондон помеѓу Вест Хем и Манчестер Јунајтед.

Дуелот помеѓу „Чеканите“ и „Црвените ѓаволи“ можеби нема да предизвика толку голем интерес бидејќи станува збор за средба помеѓу 18-тиот и четвртиот тим во англиското првенство, но овој судир ќе биде следен најмногу поради Френк Илет.

Имено, добро познатиот навивач на Јунајтед е пред остварување на својата многу посакувана цел, бидејќи тимот предводен од Мајкл Карик забележа четири победи во лигата по ред, а сега ја брка петтата кај Вест Хем.

Триумфот би значел дека Илет конечно може да се потстриже, што последен пат го направи на 5 октомври 2024 година.

Потоа се заколна дека нема да ја скрати својата сега бујна коса сè додека неговите фаворити не врзат пет победи по рес, што не се случило цели две години.
The post Навивачот на Јунајтед на чекор до потстрижување: Вечерва, Манчестер брка петта победа по ред appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: