Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите на МВР каде што се складирани 40 тони запленета марихуана и најавија детална истрага за случајот.
„Денес, заедно со премиерот, директорот на Бирото за јавна безбедност и остатокот од тимот на МВР, имаме можност да ги видиме овие 40 тони марихуана запленети во првата фаза од истрагата. Марихуаната била произведена, складирана и чувана надвор од тие утврдени протоколи, што значи дека со неа се ракувало нелегално од страна на компаниите од кои била запленета“, рече Тошковски.
Тој рече дека марихуаната била привремено складирана во просториите на МВР за да се користи во доказната постапка. Тошковски рече дека истрагата е во тек.
Мицкоски рече дека операцијата за заплена има за цел да покаже дека никој не е над законот.
„Ова нешто зад мене е дел од 40 тони марихуана, нешто што е резултат на погрешна политика што не сакаме да ја повториме. Очекувам дека денес, на владина седница, ќе се донесе одлука за формирање комисија и тим што ќе ја испита работата на неколку правни лица и ќе утврди кој работи согласно законот, а кој не работи според законот. Сè што се случи во последните денови има за цел да покаже дека нема компромис со неправдата и незаконитоста и дека никој не е над законот и дека Министерството за внатрешни работи ќе се справи со предизвиците со кои се соочува со целиот свој капацитет“, рече Мицкоски.
Тој испрати порака дека криминалот не се исплати и дека сите криминалци ќе бидат фатени и строго казнети.
„Сакам да испратам порака до сите оние кои одлучија дека криминалот е профитабилен бизнис, можеби така било во друго време, но денес криминалот не се исплати, ќе бидете пронајдени и строго казнети“, рече Мицкоски.
ЛИНК ОД ВИДЕО
The post Мицкоски и Тошковски ја покажаа запленетата марихуана: Никој не е над законот appeared first on Во Центар.



