Географот Милевски со објаснување за земјотресот: Расте Шар планина !?

Редовниот професор на Институтот за географија, д-р Ивица Милевски, смирува дека нема простор за загриженост поради неодамнешните сеизмички случувања во регионот, посочувајќи дека тие се дел од природни и долготрајни геолошки процеси.

„Ништо страшно, немирната Шар Планина, уште се извишува, макар можеби само за десетина милиметри (одеднаш, што и не е малку). Нека си тера таа како што тера со милиони години, малку по малку, а ние може да си одмориме“, напиша Милевски.

Неговиот коментар се однесува на вчерашниот земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Косово, кој беше почувствуван и во делови од Македонија, вклучително и во Скопје и во Тетово.
Два дена претходно уште еден земјотрес беше регистриран во истото подрачје.

Имено, во неделата вечерта, во 23.09 часот во Тетово и во околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицетарот потекнува од територијата на Косово, на околу 46 километри северозападно од Скопје со локална магнитуда, ML3.0

Земјотрес од 4,6 степени вечерва во Македонија

Пронајдете не на следниве мрежи: