Анџелина Џоли открива зошто ги сака своите лузни: Моите деца не треба да се плашат дека ќе ме изгубат од рак

Анџелина Џоли во ново интервју проговори зошто ги сака своите лузни од операцијата што ја имаше во 2013 година.

Таа за францускиот Интер објасни дека отсекогаш била некој што повеќе се интересирал за лузните и животот што го носат луѓето.

„Не ме привлекува некоја совршена идеја за живот без лузни. Ги гледам моите лузни како избор што го направив за да можам да останам на овој свет со моите деца што е можно подолго“, рекла таа.

Џоли истакнува дека искрено ги сака своите лузни.

„Благодарна сум што имав можност да изберам да направам нешто проактивно со моето здравје. Ја изгубив мајка ми кога бев млада и ги одгледувам моите деца без баба. Ако стигнете до крајот на вашиот живот и не сте направиле некои грешки, не сте згрешиле или немате лузни, тогаш не сте живееле доволно исполнет живот“, рече таа.

Актерката изјави дека нејзината мајка, Маршелин Бертран, починала на 56-годишна возраст откако ѝ бил дијагностициран рак. Таа исто така објасни дека лекарите ја тестирале и откриле дека има дефектен ген што го зголемува ризикот од рак на дојка.

„Одлуката за мастектомија не беше лесна. Многу сум задоволна од она што ни го донесе. Моите шанси за развој на рак на дојка се намалија од 87 проценти на помалку од пет проценти. Можам да им кажам на моите деца дека не мора да се плашат дека ќе ме изгубат поради рак на дојка“, рече Џоли.

Во март 2015 година, таа откри дека нејзините јајници биле отстранети како превентивна мерка против развој на рак на јајници.

The post Анџелина Џоли открива зошто ги сака своите лузни: Моите деца не треба да се плашат дека ќе ме изгубат од рак appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: