Жестоко сослушување на американската јавна обвинителка Пем Бонди во Конгресот

Жестока расправа во американскиот конгрес, каде членовите на претставничкиот дом од Демократската партија остро ја критикуваа јавната обвинителка, Пем Бонди, пред се за справувањето со скандалот со педофилот Џефри Епстин и убиството на цивили во Минеаполис од страна на федералните агенти.

Во стилот на Доналд Трамп, човекот кој и ја додели функцијата на јавен обвинител, Бонди наместо да одговара на конкретните прашања на членовите на комисијата, се расправаше и надвикуваше со нив, често и навредувајќи ги дека боледуваат од „синдром на пореметување со Трамп“, фраза која започна да ја користи актуелниот шеф на американската држава.

Бонди беше обвинета дека повеќе се грижи за лојалност кон Трамп , отколку за почитување на уставот и дека не презела доволно мерки за да го заштити идентитетот и интересот на жртвите на Епстин и за откривање на неговите соучесници, кои исто така ги злоупотребувале малолетните девојчиња.

Сведочењето на американската јавна обвинителка се одвива во исклучително тензична атмосфера, со чести прекинувања и расправи, како уште илустрација за исклучително тензичната атмосфера во САД, околу скандалот кој предизвика сериозни политички потреси во државата, но и надвор од неа.

Повеќе држави започнаа истраги за свои државјани, чии имиња се појавија во документите поврзани со Епстин, а под особено голем притисок е и британскиот премиер, Кир Стармер, од кого дел од јавноста и политичките претставници побараа и оставка.

Пронајдете не на следниве мрежи: