Британскиот пешадиски полк ја интензивира обуката за можен конфликт со Русија

Најголемиот пешадиски полк на британската армија започна интензивни подготовки на полигон во Вилтшир кој симулира услови слични на конфликтот во Украина. Во рамки на обуката, вежбана е урбана борба, со цели да се освојат непријателски позиции во „бомбардиран“ градски комплекс.

Командантот капетан Мајк Линдгрен истакна дека урбаните средини се најголемиот предизвик поради сложениот терен и ограничената комуникација. Обуката трае шест месеци и комбинира физички и ментален напор за развивање „контролирана агресија“.

Плановите на Британија и Франција предвидуваат нивни трупи да бидат стационирани во Украина по завршувањето на војната, за обука на украинските сили и заштита на складиштата со оружје, со цел да се спречи можна руска агресија.

Пронајдете не на следниве мрежи: