Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски му честиташе на Косово за формирањето на новата влада и назначувањето на Глаук Коњуфца за прв вицепремиер и министер за надворешни работи.
Муцунски во објава на „Х“ соопшти дека работат на тесна соработка во интерес на регионалната стабилност.
,,Им упатувам искрени честитки на Република Косово за формирањето на новата влада и на Глаук Коњуфца за неговото назначување за прв вицепремиер и министер за надворешни работи. Како соседи, со нетрпение очекуваме тесна соработка во интерес на регионалната стабилност, добрососедските односи и нашите заеднички европски аспирации“, порача Муцунски.
Новиот парламент на Косово брзо ја одобри новата влада предводена од премиерот Албин Курти, со што се стави крај на едногодишната политичка блокада во земјата. Пратениците го поддржаа кабинетот на Курти со 66 гласови „за“ и 49 „против“ во собранието од 120 члена. Гласањето се одржа само неколку часа откако Парламентот се состана за прв пат по предвремените избори во декември.



