УЖАС: Откриена меѓународна педофилска мрежа, момчиња биле силувани од ХИВ позитивни мажи

Француските и сенегалските власти открија меѓународна педофилска мрежа што дејствувала од Бове, северна Франција до градот Сали, на западниот брег на Африка.

Како што објави францускиот весник „Монд“ сенегалската полиција привела 14 лица осомничени за групна педофилија, подведување, силување на малолетни момчиња од 15 години и намерно пренесување на ХИВ.

Истрагата ја води француското одделение за криминалистички истраги, а сите приведени се државјани на Сенегал.

Се претпоставува дека приведените се дел од „криминална група“ специјализирана за „сексуална обука“ на млади момчиња. Момчињата наводно биле злоупотребени од мажи, претежно ХИВ-позитивни, кои имале незаштитен секс со нив, а сето тоа било снимено.

Четворица од приведените се опишани како „сексуални тренери“. Тие наводно признале дека го сториле кривичното дело и изјавиле дека дејствувале по наредба на француски државјанин, за што добивале финансиска компензација.

Пронајдете не на следниве мрежи: