Весникот Marca пишува дека претседателот и португалскиот тренер се договориле да ја раскинат соработката на крајот на оваа сезона, откако работите на Бернабеу во последно време се свртеа против Мурињо.
Marca сега верува дека Перез веќе има потенцијални замени за Мурињо, а во преден план се Карло Анчелоти од ПСЖ и Јоаким Лев, селекторот на Германија.
Исто така, се верува дека има 4 услови кои наредниот тренер на кралскиот клуб ќе мора да ги исполни.
Прво, мора да знае како да се справи со ѕвездите на Реал Мадрид.
Второ, мора да има искуство во Лигата на Шампионите и во друга национална лига, покрај шпанската.
Трето, минатото на новиот тренер на Реал Мадрид мора да покаже дека тој знаел да се справи со ситуации кога бил под тежок притисок.
Последниот услов е да има пријателски пристап кон медиумите.
Во моментов најдобар кандидат е тренерот на ПСЖ, Анчелоти, кој и онака е под притисок во Париз. Лев е потешка опција, бидејќи тој има договор со германската репрезентација, а веќе се наближува Светското Првенство во 2014, за кое Германија има генерација подготвена токму од Лев.
Пронајдете не на следниве мрежи: