Присуството на Минхенската безбедносна конференција, премиерот Христијан Мицкоски го искористи и за работни средби со европски гиганти. Тој објави дека се сретнал со менаџментот на германскиот гигант „Шварц груп“, под чија капа работат светски познатите брендови „Лидл“ и „Кауфланд“, како и со унгарската компанија „Фор-ај-џи“.
Фирмата „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарската компанија „Фор-ај-џи“ неодамна беше избрана за најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во земјава.
„Разговаравме за пакет од 100 милиони евра инвестиции, освен во телефонијата и во сферата на вештачката интелигенција и енергетиката“, информираше Мицкоски.



