– СДСМ ја обвини владата предводена од Христијан Мицкоски дека ги намалила субвенциите за земјоделците од 140 на 100 милиони евра, што, според партијата, претставува директен удар врз локалното производство и егзистенцијата на земјоделските семејства.
Од СДСМ тврдат дека пред изборите биле ветени 180 милиони евра субвенции, додека наместо зголемување, земјоделците добиле намалување од 40 милиони евра. Понатаму, според нив, условите за добивање субвенции станале покомплицирани, зголемени се праговите, а авансното плаќање кое претходно обезбедувало финансиска стабилност е отстрането.
Партијата ја обвинува Владата дека нема средства за субвенции и зголемување на минималната плата, туку, како што велат, има средства за луксузни трошења и сомнителни тендери.
Во соопштението се наведува и дека поради нерегуларности, програмата ИПАРД 3 е суспендирана, што, според СДСМ, ја доведува во прашање и финансиската поддршка од европските фондови за земјоделство.
The post СДСМ: Владата ги намали субвенциите за 40 милиони евра, земјоделците потценети appeared first on Во Центар.



