Мицкоски: Реформите на Македонија кон ЕУ треба да се мерат според критериуми, а не според дневни политики

Премиерот на земјата, Христијан Мицкоски, од Минхен изјави дека Македонија останува на европскиот курс, но бара достоинствен процес.

Вчера започна 62-та Минхенска безбедносна конференција, каде што лидерите и носителите на одлуки дискутираат за безбедносните ризици и новата геополитичка реалност.

Идејата дека „светскиот поредок заснован на правила“ трпи сериозни удари и дека Европа мора да се прилагоди со поголема стратешка зрелост, рече Мицкоски.

Северно-Македонската делегација, предводена од Мицкоски, ја отвори темата за европските интеграции, но со јасна линија: реформите треба да се мерат според вредности и критериуми, а не според дневно-политички блокади.

Германскиот канцелар Мерц изјави дека е подготвен да го поддржи приемот на нови членки, што ја зајакнува надежта за побрз политички моментум во ЕУ.
The post Мицкоски: Реформите на Македонија кон ЕУ треба да се мерат според критериуми, а не според дневни политики appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: