Високи водостои на Вардар и на Треска, апел за внимателно движење покрај реките

Од Управата за хидрометеоролошки работи, предупредуваат за високи водостои на реката Вардар во горниот дел на течението, како и на реката Треска.

Од УХМР велат дека и натаму има опасност од излевање на овие две реки.

Во западните делови водостоите на реките се во опаѓање, и се очекува тој тренд да продолжи.

Во источниот дел од земјата состојбата е мирна и единствено посериозно зголемување на водостојот имаше во крајниот долен дел од сливот на реката Струмица.

Во текот на ноќта и утре изутрина се очекува зголемување на водостојот на реката Вардар во средниот дел од течението.

Од УХМР предупредуваат внимателно движење покрај реките.

Пронајдете не на следниве мрежи: