Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за ТВ21 рече дека денеска ќе биде поднесена кривична пријава против 10 лица кои биле поврзани со произведената дрога марихуана која беше запленета во Србија.
„Во текот на денешниот ден ќе се отпочне со поднесување на кривична пријава до ОЈО за гонење организиан криминал и корупција, која опфаќа 10 лица, од кои двајца се веќе во пртивор, каде што овие 10 лица се директно или индиректно поврзани со произведена дрога. Денеска ќе биде поднесена кривична пријава, при што имаме основани сомненија дека тие лица се поврзани со транспортот на дрогата која беше запленета во Србија“, рече Тошковски.



