Некој се менува или ништо не се менува, кога станува збор за реформите и судството. Во балкански контекст со македонски шмек , реформи секогаш би биле кога еден партиски табор менува друг, и носи свои луѓе или своја војска. ДА се има можност ако некој од било кој табор го вклучи својот интегритет, ама тоа дефинитивно тешко оди.
Вистински реформи во судството или само на зборови?
Со години се крстиме во реформите во судството и враќање на довербата во правосудниот систем, но досега ниту Р не сме виделе. Најновите случувања со изборот на државен јавен обвинител повторно го наметнаа прашањето колку овој избор ќе биде непартиски и дали конечно власта ќе ги тргне рацете од судството, или можеби не само судството.
Премиерот Христијан Мицкоски во телевизиско гостување јавно уште пред да биде испратен предлогот за државен јавен обвинител до Собранието кажа дека од игра е излезена обвинителката Ленче Ристовска, без да ја образложи причината.
Апсолутно не се сите во игра и мојот став е дека тоа име не е во игра, рече Мицкоски во телевизиско гостување.
Ристовска заедно со уште тројца кандидати беа предлози кои според Советот на јавни обвинители ги исполниле условите и како предлози беа испратени до Владата која треба да одлучи кој од понудените кандидати е најсоодветен да ја извршува оваа висока функција во судството по оставката на Љупчо Коцевски кој си даде оставка непосредно пред неговата интерпелација во Собранието со тврдење дека неговото разрешување е политичко.
Од почетокот тврдев дека евентуалната постапка за мое разрешување е политичка одлука, затоа денеска поднесов неотповиклива оставка од функцијата јавен обвинител на Република Северна Македонија, изјави тогаш Коцевски.
По изјавата на премиерот, Ристовска,исто така со реакција и вистинското прашање – А кој е критериумот, дали вреднувањето е според програмата и дали воопшто некој ги чита.
ДАЛи е суштинско нешто друго? Таа беше дел од СЈО и како обвинителка го води случајот „Талир“ за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ !?
Таа му одговори на премиерот дека изборот на државен јавен обвинител треба да биде заснован на квалитет, а не на подобност.
Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвара прашања за природата на критериумите што се применуваат, напиша Ристоска.
Државен јавен обвинител е висока функција во државава, а оној кој ќе го преземе овој жежок костен треба да се бори со организираниот криминал и корупција. НИкогаш не бла аполитична , секоја власт бирала СВОЈ.И тука е прашањето , кога ќе се реформираме?
Освен овој случај, бура на реакции предизвика и изборот на Гоце Наумовски за нов уставен судија. Не навлегувајќи во неговата компетеност и професионалност, она што фрли сомнеж на неговиот избор е тоа што Наумовски е советник на премиерот Мицкоски и брат на поранешниот министер за европски прашања Васко Наумовски, порача СДСМ. Исто како што тогаш, опозицискот ВМРО ДПМНЕ реагираше за прогласуваљето за уставен сидија на професорката Ана Павловска Данева. И тогаш не се спореше стручноста туку партиската припадност на СДСМ
Владеење на правото
Независноста на судството и реформите се она на што со години инсистира меѓународниот фактор. Редовно во извештаите на Европската комисија за напредокот на државата се сигнализира и се пишува за ова. Но најсиланата реакција е на (НЕ)правдата која ја бара народот граѓаните. Таа секогаш ја блокираат и дизајнираат партиските послушници во судството. Барањата за реформи се токму очекувањата за праведност, што системот ќе го направи функционален , а судството професионално и секако државата ќе ја придвижи чекор понапред, со владеење на правото кон ЕУ и граѓански и демократски систем наспроти партискииот со владеењето на лимитираното лидерество и евтино политиканство.


