Британската инфлуенсерка Аманда Џефри , која наводно се обидела да го убие својот сопруг, е фотографирана за прв пат по нејзиното апсење.
Наводно се обидела да му стави отров во виното, сè поради животното осигурување што подоцна ќе го наплати.
Аманда беше уапсена под сомнение дека го отрула својот деловен партнер Виктор на Мајорка во среда.
Полицијата ја приведе инфлуенсерката со 400.000 следбеници на Инстаграм, само неколку месеци откако таа зборуваше за својот сопруг во објава по повод прославата на нивната годишнина од бракот.
На фотографиите објавени од шпанските медиуми се гледа Аманда во лисици и двајца полицајци како ја спроведуваат до судницата во Палма.
Порано оваа година, Виктор беше примен во болница на три дена, каде што тестовите покажаа дека има транквилизери во организмот.
Откако бил ослободен, тој отишол во полициската станица тврдејќи дека неговата сопруга го отрула на 10 јануари.
Раскажувајќи го моментот за кој тврди дека бил дрогиран, Виктор им рекол на полицајците: „Таа наполни две чаши за вино и ми рече: „Пиј од ова, мојата чаша, има уште“.
Откако го проба пијалокот, тој се пожали дека има лош вкус, според шпанскиот медиум „Ултима Хора“, но тврдеше дека неговата сопруга инсистирала да го допие целиот.
The post Инфлуенсерка уапсена за обид за убиство на нејзиниот сопруг: Се пријавила во полиција appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



