Сообраќајна несреќа на автопатот Штип-Миладиновци, се судриле неколку возила

Повеќе возила се судриле утрово на автопатот Штип-Миладиновци, поради што сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, објави „М-нет“.

Засега нема информации за состојбата на возачите и патниците.

Од видеото може да се види дека се судриле пет коли, а од коментарите на социјалните мрежи, граѓани велат дека на патот имало голомразица и колите се излизгале.

Од МВР сè уште нема информации за сообраќајната несреќа.

Пронајдете не на следниве мрежи: