Петрушевски за тужбата од Заев: Стојам зад секој јавно изнесен збор

Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ против кого поранешниот премиер Зоран Заев поднесе тужба за клевета вели дека стои зад секој јавно изнесен збор и дека е подготвен да ги соочи аргументите на суд.
– Судницата не е средство за заплашување, туку место каде што се утврдува вистината. Денес никој не е над законот. Ниту поранешен премиер ниту актуелен пратеник. Но, наместо Заев да се обидува преку тужби да ја замолчи критиката, нека одговори на суштинските прашања што ја интересираат јавноста. А вистината секогаш излегува на виделина, пишува Петрушевски на Фејсбук.
Поранешниот премиер Заев соопшти дека поднесува тужби против Петрушевски и Жан Митрев, посочувајќи дека нема никаква дилема дека изнесената лага против него ќе биде докажана на суд. Евентуалниот надоемсток кој би го добил, како што пишува, би го донирал.

Пронајдете не на следниве мрежи: